Дестинации

Чудо на природата: Планината Рораима во Венецуела

Ова е една од најнеобичните природни геолошки формации, неверојатната планина Рораима, чиј врв е рамен како плоча. Често е опкружена со густи облаци, па го дава чуството дека е како од некоја бајка. Се смета дека е една од најстарите геолошки формации на Земјата, стара дури повеќе од две милијарди години.

Планината Рораима е природна граница која што се наоѓа помеѓу три различни држави: Венецуела, Бразил и Гвајана. Границите на овие држави се наоѓаат на масивните, 400 метри високи и исклучително стрмни рабови кои што често се издигнуваат над облаците, создавајќи ја илузијата позната како „Остров во облаците“.

Речиси секојдневните врнежи од дожд на планината создале единствен екосистем кој вклучува неколку ендемски видови, како што се билките месојади, а исто така тука се сместени и некои од највисоките водопади во светот.

Write A Comment