Убавина

Црна глина како средство за слабеење

Црната глина е позната како одлично средство за слабеење. Еве како да направите облоги за топење на килограмите со помош на црна глина.

glina 1

Потребно е 0,5 килограм црна глина во прав. Разредете ја со негазирана минерална вода за да добиете густа „кал“.

Пред постапката истуширајте се и направете пилинг на телото. Најдоро е пилинг со талог од кафе. Потоа, топлата глина намачкајте ја на суво тело во слој од 2-3 сантиметри.  Добро намачкајте во пределот на стомакот, задникот, бутините, колковите и рацете. Всушност на сите најпроблематични зони.

Обвиткајте го телото со проѕирна фолија за домаќинство. Облечете на себе топла тренерка или некоја стара облека, и лежите под топло ќебе половина час.

Глината од телото отстранете ја со туширање со млака вода.

Постапката повторувајте ја еднаш неделно и вашето тело ќе стане мазно, цврсто и со неколку сантиметри помалку на критичните места.

Напиши коментар