Мода

Цветни дезени и во зима

Кој вели дека цветните дезени се резервирани само за топлите денови? Иако цвеќињата не потсетуваат на пролет и лето, цветната облека можете да ја носите и во зима. Таа ќе направи да се чувствувате посреќни, расположени, секси и уникатни.

Сепак постои погрешен и правилен начин за внесување на цветен дезен во зимската гардероба.

Одберете го материјалот внимателно. Лесните ленени и памучни материјали се одлични за во јуни, но ако времето е студено одберете подебел богат материјал како дебел сатен, кашмир или пак плиш. Долгите ракави исто така можат да ви помогнат да постигнете баланс.

Не испраќајте измешани сигнали. Ако надвор е доволно ладно за да носите шал, јакна, ракавици и капа веројатно не е добра идеја да носите тенко фустанче и транспарентни хулахопки. Наместо вашиот аутфит да страда од криза на идентитетот одберете облека која ќе соодветствува со зимските модни додатоци.

Носете слоеви, на тој начин ќе ви биде топло и воедно ќе бидете облечени во склад со сезоната. Над цветното фустанче облечете голема ролка, или пак сако со кое ќе ви одговара шалот или марамата.

Погледнете ги овие предлози и најдете ја вашата следна инпирација.

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

 

 

Write A Comment