Со оваа пролет, доминираат нагласени цветни мотиви, на разновидноста на боите им нема граница. Цветните дезени, се аплицирани буквално на сите модни парчиња, а и модните додатоци можат да се комбинираат на најразлични начини.
Блузичка коа е од прозирен материјал, лесна и која паѓа е омилен детал, на светло плавите фармерки. Панталони, во боја на морков се интересно парче, а свежа тренди платформа или сандалли на висока потпетица, е елемент кој врвно се совпаѓа со целата оваа комбинација.
Кратки, панталони и кошула, со сандали на висока пета исто така се топ.
Пролетната сезона нема да ја заобиколи ниту, мини и макси сукњата, фустани од широк крој, кои се идални за прикривање на недостатоците.
Интензивните и дречливи тонови, фустани со различен дизајн, можат да се комбинираат со фармерки или траперки, со кожна јакна, или памучно сако. Одберете го и вие своето цветно парче кое ќе може обичниот ден да ви го претвори во одлична пролетна авантура.