Motherhood

Дали доволно го познавате своето дете?

Семејните собири, прошетките … отсекогаш биле одлична прилика во која низ веселата атмосфера и доброто расположение, подобро да ги запознаеме блиските.

Колку добро го познавате своето дете? Не дозволувајте другите повеќе да знаат за него отколку Вие самите.

Дали знаете што го прави среќно а што го вознемирува? Што му влева самодоверба а што го обесхрабрува?

Одговорите на овие прашања не се фиксна категорија бидејќи децата растат и се менуваат.

Но неколку прашања и нивните одговори се универзален показател дали доволно го познавате своето дете :

Кој е најдобриот пријател на Вашето дете?

Кој му е омилен јунак – идол?

Од што се срами?

Кој му е омилениот вид на музика?

Која личност надвор од Вашето семејство влијае врз животот на Вашето дете?

Кој му е омилениот предмет на училиште?

На кои негови успеси е најгордо?

Што не му се допаѓа во Вашето семејство?

Доколку имате можност да му купите било што, што тоа би одбрало?

Што го лути?

Што сака да биде кога ќе порасне?

Што е за него најголемото разочарување?

На каков поклон најмногу се радува?

Која му е омилена храна?

Кои му се надимаците на училиште?

Што му најубав спомен од минатото?

Пробајте да разговарате со своето дете на сите овие прашања побарајте одговор барем еднаш годишно. Откријте како се менува и на тој начин бидете секогаш спремни да реагирате во било каква ситуација.

Напиши коментар