На огромна жалост на оние коишто сакаат еднаш засекогаш да се откажат од пушењето, а патат од депресија, истражвуањето покажува дека психолошките проблеми го отежнуваат откажувањето од пушењето.
Податоците на францските научници на универзитетот во Монпелје покажуваат дека личностите кои се депресивни, многу тешко престануваат да пушат.
Според нивните зборови, присуството на депресија ја зголемува напнатоста, а со тоа и желбата за посегнување по цигара. Според нив, двојно повеќе е застапено пушењето кај депресивните луѓе во споредба со остатокот од популацијата.
Податоците биле собирани 18 месеци и тие покажуваат дека вежбањето може да допринесе за откажување од пушењето кај депресивните луѓе. Истражувачите тврдат дека нема потреба од некоја голема физичка активност, доволно би било само шетањето.
