Motherhood

Дали е потешко да забремените ако имате нередовна менструација?

Дали нередовната менструација значи дека овулирам повеќе или помалку? Дали ќе имам повеќе проблеми при обидот да забременам?

Имањето нередовен циклус може да го отежне зачнувањето. Постојат многу причини за нередовен циклус, па затоа е важно да се проверувате кај гинекологот и да правите соодветни тестови. На пример, ако имате премногу или премалку активна тироидна жлезда, тоа може да предизвика нередовност во менструалниот циклус. Нетретираните проблеми со тироидната жлезда може да го зголемат ризикот од спонтан абортус. Затоа, важно е најпрвин да го посетите гинекологот. Ако се отстранат сите можни ситуации, причината за вашата нередовна менструација може да биде хипоталамичнo-хипофизната дисфункција. Тоа е медицински термин за слабата комуникација помеѓу јајниците и мозокот, кое води до поретки овулации.

Ако вашите циклуси се обично подолги од 35 дена, тоа значи дека овулирате поретко и затоа потешко зачнувате, затоа што има помалку можности за тоа (се формираат помалку јајца). Следењето на периодот кога овулирате, може да биде од помош за тоа кога е најпогодно да зачнете.

Напиши коментар