Кога нештата не функционираат како што треба, не ретко се обидуваме да се убедиме себе си дека треба да ги стиснеме забите и да го надминеме тоа што ни се случува. Сепак, кога знаеме дека ситуацијата нема да се подобри без разлика на сè, време е сериозно да размислиме што правиме со својот живот.
Многумина остануваат во брак иако се свесни дека ќе бидат несреќни во него и тоа поради најразлични причини.
Годините поминати заедно не се инвестиција
Кога луѓето размислуваат за својот брак го анализираат низ призмата на времето кое го поминале заедно, а не низ тоа колку и дали биле среќни. Во среќните бракови поминатото време е исполнето со убави спомени и среќен живот. Но, кога врската не функционира не можете да се повикате на старите добри времиња и да се надевате дека тоа ќе го спаси вашиот однос. Годините со сигурност не се инвестиција и токму затоа и не треба да ги третирате на тој начин.
Прифатете дека заслужувате повеќе
Секогаш можете да најдете оправдување зошто не можете да ставите крај на бракот. Понекогаш свесно си велите себе си дека тоа што го имате во моментот иако не ви се допаѓа, е најдоброто нешто што го имате. Во суштина длабоко во себе знаете дека не е така и дека заслужувате нешто подобро. Заслужувате да бидете среќни како вие, така и вашиот партнер односно партнерка.
Внимателно со селективната меморија
Нештата никогаш не се само црни или само бели. За време на годините поминати во брак сигурно сте имале како добри така и лоши моменти. Но, внимателно со селективната меморија. Понекогаш очекуваме сите негативни нешта кои сме ги преживеале и времето што сме го вложиле во нив, да ни се врати. Поради тоа задржуваме гнев, сакаме да ги „наплатиме“ недоразбирањата и се заробуваме себе си во магичен круг. Најдобриот начин за справување со оваа ситуација е да се гледа на времето како на искуство кое ве научило многу нешта во животот и ви ја дало лекцијата што ви била потребна.
Во ред е да бидете исплашени
Заминувањето од комфорната зона секогаш со себе повлекува определена доза на страв. Завршувањето на бракот значи завршување на една визија која што сте си ја имале за себе и која за жал не функционирала. Можеби се плашите дека ќе останете сами, дека повторно ќе бидете повредени или пак едноставно дека ја загубите стабилноста што сте ја имале. Сепак, ако ја свртите паричката и ги погледнете нештата од другата страна можеби ќе успеете да согледате дека ако она што го имате не ве прави среќни, тогаш стабилноста која што ја губите во суштина е привидна и кога тогаш ќе биде разнишана од времето.
