Motherhood

Дали им дозволувате на децата да одбираат што ќе носат?

Модата, веќе подолго време не е резервирана само за возрасните туку и за децата, па продавниците се преполни со облека, обувки и детали наменети за најмалите. Дознајте кога е вистинското време да им дозволите самите да ја одбираат својата комбинација за облекување и како да им поставите граници при шопингот.

Многу мајки можат да посведочат како нивните девојченца со навршена годинка со прстето покажувале на облеката која сакале да ја носат тој ден. Шаренило од бои, пријатни материјали, машнички… ја скокоткаат детската фантазија и не е чудно што обично девојчињата посакуваат облека која ги потсетува на игра и забава. Момчињата во пораниот период сакаат да носат маици, тренерки или јакни со ликот на некој супер херој од цртаните филмови, како и облека на која има интересни мотиви, како автомобили, возови, топки, авиони…

Топло, удобно и чисто

За помалите деца најважно е облеката да биде удобна и во повеќе слоеви за да може лесно да се соблекува. Што се однесува за облекување за во градинка, најдобар избор се памучни тренерки кои на детето ќе му обезбедат спонтаност, а доколку вашето девојченце или момченце во градинка веќе бара сам да ја одбира комбинацијата за облекување, дозволете му го тоа, но со услов да биде облеката топла, удобна и чиста и во точна големина. Што се однесува до соодветната боја или материјал, на тоа не обрнувајте внимание. Истражувањата покажуваат дека децата почнуваат да го креираат својот стил од десет години. Тогаш одредете им буџет кој ќе можат да го потрошат на шопинг и предупредете ги дека не можат да купат сѐ што им се допаѓа. Пофалете го нивниот избор, бидејќи модата денес е еден од начините преку кој ја изразуваме својата припадност.

Write A Comment