Motherhood

Дали знаете кој е најплодниот месец во годината?

Дали некогаш сте се запрашале зошто летото е преполно со трудници кои се насекаде?

Вашите очи не си поигруваат со вас, постојат докази дека плодноста кај жените може да биде под влијание на годишните времиња и ако обрнете внимание на ова може да ги зголемите шансите за брзо забременување.

Во изминатава деценија според сите статистики јули и август се најпопуларните месеци кога трудниците го раѓаат своето дете.

Ако повеќето од децата се раѓаат во лето, тоа значи дека биле зачнати во есен, односно октомври, ноември или декември. Се верува дека ова е поради поголемиот број на празници кои се наоѓаат во текот на тие неколку месеци.

За време на празниците паровите се во можност без обврски и грижи да поминат подолго време заедно, да се опуштат, да комуницираат и да се зближат многу повеќе за разлика од деновите кои се презафатенисо безбој обврски.

Друго мислење е дека ладните температури кои доаѓаат брзо веднаш по жешките летни денови ги прават паровите поблиски. Исто така студеното време е одлично бидејки тогаш драстично се зголемува бројот на „машките пливачи“ за разлика од  намалување на истиот број во лето.

Write A Comment