Здраво тело

Дали знаете се за менструацијата?

Иако менструацијата веќе не е табу тема, посебно во развиените земји, голем број жени се уште не знаат сето она што би требало да го знаат за оваа појава. Меѓутоа, и покрај се, на менструацијата се уште се гледа како на нешто што би требало да биде „скриено“, наведува Ема Греј, уредник на „Women Associate“.

Истражувањето спроведено во Австралија во 2012 година открива дека 13 отсто жени не знаат да ги наведат деновите на својот менструален циклус кога се најплодни. Затоа, корисно е знаењето за менструацијата да се повтори или да се научи нешто ново.

1.За време на менструацијата можете да забремените. Да, овие случаи се малку веројатни, но не и невозможни, затоа немојте менструацијата да ја користите како изговор да не користите заштита доколку не планирате бебе.

2.Најплодни сте за време на неколкуте денови пред и после овулацијата. Овулацијата обично се случува на средината на женскиот циклус. Календарите за овулација се многу корисни за следење на циклусот.

3.Нередовните менструации можат да упатуваат на низа работи. Неправилната менструација, без оглед дали станува збор за доцнење, изостанување, точкасто крварење помеѓу две менструации или менструација која трае повеќе од 7 денови, сите овие појави можат да бидат предизвикани од различни нешта – од екстремно слабеење, страв од бременост, користење на одредени лекарства, па се до сериозни болести како карцином на матката. Ако сте загрижени поради нередовните менструации, задолжително консултирајте се со лекар.

4.Во текот на менструалниот циклус се ослободува помалку од мал филџан крв. Затоа, според зборовите на научниците, иако многу жени се жалат на обилно крварење, факт е дека во текот на менструацијата губат помеѓу една лажичка и еден филџан крв.

5.Ставот за секс за време на менструација е различен. Сексуалните склоности на поединците се разликуваат, постои широк спектар за избор, од омилената поза до времето во денот наменет за секс, затоа сексот за време на менструација е индивидуален избор.

6.Во текот на менструацијата понекогаш се јавува поголема желба за секс. Прогестеронот, хормонот за кој се верува дека го намалува либидото, во текот на менструација се наоѓа на најниско ниво, па не е необично ако во тој период посакате нешто повеќе од чоколадо.

7.Ускладувањето на менструалните циклуси никогаш не е научно потврдено. Можно е циклусот да ви се поклопи со најдобрата пријателка, мајка или сестра, но научниот став околу тоа се уште не е усогласен.

8.Во некои места менструацијата се уште е табу тема. Така на пример, девојките во руралните делови на Индија,  за време на менструацијата не готват, бидејќи ќе им се „загадела“ храната, не смеат да го допираат својот идол итн.

9.Во просек, девојките добиваат менструација на 12 години. Денес девојчињата првата менструација ја добиваат многу порано, но се уште не е познато што го забрзува почетокот на пубертетот. Бројни теории како предизвикувачи за оваа појава наведуваат различни причини од еколошки фактори, висок степен на маснотии во исхраната, па се до стресот.

Write A Comment