Секој ден е се поладно, наскоро веројатно ке падне и снег. Ако сте дама која со задоволство би легнала на плажа со книга во раката, тогаш следниве дестинации се совршени за вас.
Costa Rica
Декември на Costa Rica е сушен месец, па ќе можете да уживате во топлото време без да се плашите од дождови. Од јануари па се до март се одржуваат и многу локални фестивали на кои ќе можете да уживате во локалната култура.

Amalfi, Italy
Декември не спаѓа во туристичката сезона на јужната обала на Италија. И иако нема да биде топло како во јуни и јули, температурата се движи околу 14 степени, така што ќе можете да уживате во убавините на овој град без да се буткате со туристите.

Miami, Florida
Подгответе се за сончеви денови и температура од 25 степени. Плус на почетокот на месец декември во Мајами започнуваат два големи дизајнерски фестивали Art Basel Miami Beach и Design Miami.

Kauai, Hawaii
На Хаваи декември е пик на сезоната, но се исплати да уживате во сонцето и температурите до 30 степени. Нека не ве плаши напливот на туристи бидејќи островот има само два автопата, а на туристите им се препорачува да се движат пешки.

Playa del Carmen, Mexico
Ако се зажелевте за пливање, тогаш ова е вистинската дестинација за вас, а ако се “изморите“ од белите плажи, тука се античките мајански рушевини и патеките за шетање низ џунглата.

