Motherhood

Девојчињата сé порано влегуваат во пубертет !

Универзитетот во Единбург објави истражување кое откри дека во изминатите 15 години, просечната возраст на која на девојчињата почнуваат да им растат градите паднала за 2,5 години. Границите на пубертетот, во однос на 19 век се поместени за речиси 5 години…

Истражувањето отркива и дека распаѓањето на семејството е една од причините зошто девојчињата влегуваат во пубертет со само 10 години.

Освен распаѓањето на семејството, уште една од причините за прерано влегување во пубертет е и хормонската нерамнотежа која се поврзува и со дебелината. Прераниот пубертет предизвикува и сексуализација кај девојчињата и ја зголемува опасноста од прерана бременост, но и ризикот од рак на дојката, потврдуваат студиите.

Во преран пубертет влегуваат девојчињата кои се под голем стрес, особено оние кои се посвоени или живеат само со мајка.

Претходните истражувања на американскиот Универзитет Беркли, потврдуваат дека девојчињата кои биле напуштени од нивните татковци, влегуваат во пубертет 2, 4 пати порано. Поради преголем стрес тие девојчиња произведуваат поголемо количество на тестостерон, што резултира со хормонален дисбаланс.

Напиши коментар