Убавина

Диета за брзо слабеење. Со леб!

Во последно време диетите се навистина многу актуелни, па затоа решивме да споделиме една со вас. Импресионирачки е фактот дека се јаде леб. И тоа без разлика дали е бел или пченкарен. Очекувањата се да симнете 3-6 килограми за 5 дена!

Основни правила: Пиете вода и кафе колку што сакате. Кафето може да е со млеко но не треба да е повеќе од 300мл. млеко на ден. Газираните пијалоци и алкохолот се забранети. Доколку огладнете помеѓу оброците може да јадете зелена салата со прелив од јогурт или сенф.

Има опции за појадок, ручек и вечера. Вие изберете кој ден која опција. Може да користите и само една комбинација. Зависно од вашите вкусови.

ПОЈАДОК

Опција 1 – 1 варено јајце, 1 кришка леб, 150мл јогурт.

Опција 2 – 1 парче леб намачкано со маргарин, 1 банана, 1 јаболко.

Опција 3 – 2 парчиња леб, една банана, 1 лажичка мед.

Опција 4 – 2 парчиња двопек, чаша млеко, чаша цеден сок од портокал, 1 јаболко.

РУЧЕК

Опција 1 – 200гр. варени компири и салата од зелка и компири.

Опција 2 – 200г.р варени компири, 100 гр. урда.

Опција 3 – 200гр. варени компири, 50 гр. ситно исецкана шунка или пилешко.

Опција 4 – 200гр. варени компири, 2 лажици варен грав.

ВЕЧЕРА

Опција 1 – две парчиња леб (120гр) со еден од следниве додатоци:

–          100гр. ракчиња, салата од домати и лук.

–          50гр. ситно исецкана шунка или пилешко месо, салата од домати и лук.

–          Опција 2 – 200гр. Печена риба, 125гр. варен компир, 200гр. зелена салата со прелив од јогурт или сенф, 1 банана.

Write A Comment