Понекогаш родителите не ги забележуваат сигналите кои децата им ги испраќаат. Постојат повеќе начини на однесување, затоа што децата прават исти или слични работи кога се уморни, гладни или кога им е здодевно, а од родителите зависи како тие ќе одговорат на таквите сигнали. Игнорирањето на сигналите е една од повеќето дисциплински грешки кои родителите ги прават често.
Премногу негативнoст
Побарајте такво однесување какво што сакате да видите. Никој не сака да израсне дете кое нема свои граници, но родителите многу често кажуваат „не”, па децата се однесуваат како да не го слушаат и самиот збор ја губи својата моќ. Голема грешка е кога родителите кажуваат што нивните деца не смеат да прават, а забораваат да ги насочат што е правилно. Фокусирајте се на целта и кажувајте им на децата како треба да се однесуваат. На пример наместо на своето дете да му кажете „Не стој во кадата”, пробајте со „Во кадата се седи затоа што е лизгаво”. Подоцна ако забележите дека вашето дете навистина седи во кадата, пофалете го.
Преголеми очекувања
Навистина е страшно кога децата се однесуваат непристојно во јавност, кога плачат или викаат на места и настани каде што треба да биде тивко. Малите деца уште ги немаат сфатено социјалните манири кои се бараат на јавни места како продавници или ресторани. Родителите многу често имаат големи очекувања од своите деца. Покажете му на детето како треба да се однесува и посочете како другите се однесуваат. Со децата можете да се разберете и со мимики. Потребно е доста време и повторување за децата да го подобрат своето однесување. Можеби звучи клише – ама работите ќе се подобрат со тек на време.
Се однесувате така како што не сакате вашите деца да се однесуваат
Кога ќе ви падне нешто – викате, или кога некој ќе ве изнервира кажувате погрдни зборови. Тогаш не лутете се ако вашето дете се однесува на ист начин. Постои бумеранг ефект за секое однесување, така што ако вие викате голема е веројатноста и вашето дете да вика. Емоциите се моќни и тешки за контролирање дури и за возрасните. Кажувајте „извини” често со цел да се искупите за своите акции. Извинувањето создава шанса да разговарате зошто се однесувате непристојно кога сте исфрустрирани.
Интервенирате во погрешен момент
Ги слушате вашите деца како се бркаат низ домот и веднаш почнувате со викање? Многу често родителите имаат потреба да се вмешаат кога децата прават… детски работи. Навистина е исцрпувачки да бидете негативци. Имајте на ум дека децата понекогаш прават будалештини кога истражуваат нови вештини (ако вашето дете истура сок од портокал во житарките, можеби го прави тоа затоа што учи за течностите?!). А, понекогаш само им е потребно внимание. Бидете трпеливи.
Зборување без конкретна акција
„Исклучи го телевизорот, сериозна сум овој пат!”, а вашите деца продолжуваат со лошото однесување дури и кога е вклучено жолтото светло, ако нема последици. Поставувајте граници и следете ги. Вторите шанси, нагодувањето и соработката се опционални. За да ги научите децата да ги следат правилата, станете од креветот и пишувајте домашни заедно, започнете со учтиви наредби („Те молам исклучи го телевизорот и почни да ја пишуваш домашната”). Ако вашите деца
ве послушаат, заблагодарете се, а ако не приложете им ги последиците „Го гасам телевизорот сега. Додека не ја завршиш домашната, не може да гледаш телевизија.”.
Неефективни паузи
Го испраќате своето дете во собата откако го удрило своето братче/сестриче, а тој ја удира својата глава од подот затоа што е бесен. Ваквите паузи имаат за цел да го смират детето, а не да го казнат. Некои деца одговараат добро кога ќе им се предложи да се повлечат во тивка соба додека не се смират. Но, другите ги прифаќаат како одбивност. Како алтернатива, придружете им се на своите деца во ваквите паузи. Фатете ги во раце со цел да ги смирите. Откако ќе се релаксираат, смирено објаснете зошто нивното однесување не е во ред.
