Убавина

Доколку мачите мака со првутот: Обидете се со еден од овие три природни методи

Освен со шампоните постојат и природни начини да го отстраните првутот. Еве неколку од нив:

  • Јаболков оцет – Познат е по антибактериските својства, поради што е корисен и во борбата против првут. Измешајте јаболков оцет со вода во ист размер. Измијте ја косата со таа смеса и оставете ја така преку цела ноќ. Следниот ден, измијте ја косата со благ шампон.
  • Сода бикарбона – Содата е исто така ефикасно средство. Можете да измешате една лажичка сода бикарбона со една чаша вода и неколку капки есенцијално масло од рузмарин. Оваа мешавина може да ја користите наместо шампон секој пат кога ќе ја миете косата.
  • Лимон – Лимонот е исто така многу ефикасен, но ќе ви треба малку повеќе време за да го отстраните првутот со него. Втријте сок од лимон во скалпот и оставете го да делува една минута, а потоа со мешавина од сок од лимон и вода измијте ја косата. Ова можете да го повторувате секој ден додека првутот не исчезне.

Write A Comment