Sweet Home

Дом со стил

Домот кој денеска ќе ви го претставиме е вистинско уживање за очите. Наидовме на фотографиите не еден прекрасен московски стан. Односно живеалиштето се наоѓа во историски значајна зграда во центарот на руската престолнина.

Домот плени со нежна палета на бои, се состои од бели и разновидни крем тонови. Така избраните меки нијанси во комбинација со француските прозорци, кои и овозможуваат на надворешната светлина да го осветли станот, создаваат пријатна атмосвера, чусво за релаксација и хармонија. Стилскиот мебел и ефектните нежни украси го претвораат живеалиштето во во вистинско ремек дело со нагласена индивидуалност и неповторлива елеганција.

 

Write A Comment