Потребни состојки:
- 255гр лешници
- 1 чаша шеќер во прав
- 1/3 чаша незасладено какао
- 3 лажици масло (се препорачува кокос или канола)
- 1 кесичка ванила
- 1/3 чаши сецкано млечно чоколадо
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 200 степени и оставете го да се загрее. Лешникот ставете го во пех, па во рерна и печете околу 15 минути. Извадете ги од рерната и оставете да се олади. Исчистете ги лешниците, и потоа убаво сомелете ги во блендер. Мелете околу 5 минути, а потоа додадете шеќер во прав и какао. Продолжете да пасирате, а потоа додадете масло и ванила.
На крајот додадете ги парчињата чоколадо и добро изблендирајте.
Ставете го кремот во чиста тегла и слободно чувајте го во фрижидер каде може да издржи до еден месец.
