Здраво тело

Домашен крем против лузни

Доколку по телото имате лузни кои ви пречат, еве еден природен крем кој можете да го направите сами. Не ви ветуваме дека целосно ќе исчезнат, но барем ќе се намалат.

Потребно ви е

¼ лажичка Витамин Е масло

½ лажичка Розова вода

1 голема лажица природна глина

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки додека не добиете паста. Нанесете врз лузните и останете така 30-60 минути. Измијте се со млака вода. Повторувајте го ова секој ден, додека белегот не избледи.D

Напиши коментар