Професионалниот педикир во козметичките салони е само еден начин да ги подготвите вашите стапала за летната сезона. Друг, многу поефтин, а не помалку ефикасен начин е да направите сами домашен педикир.
Направете купка за стапала
Во поголем пластичен сад ставете топла вода, морска сол и омиленото есенцијално масло. Стапалата потопете ги во мешавината и опуштете се десетина минути. За тоа време водата ќе ја омекне здебелената кожа на стапалата, па ќе биде полесна за отстранување.
Пилинг
Откако вашите пети ќе омекнат, со зрнест пилинг добро измасирајте ги стапалата. Измијте со топла вода. Во случај тоа да не е доволно, со камен за пети неколку пати полека поминете преку задебелената кожа. Никогаш не користете жилет или груба турпија затоа што на тој начин можете да ја оштетите својата кожа.
Нахранете ја кожата
Избришете ги своите стапала со пешкир, а потоа намачкајте ги со хидратантен крем за кожата да ја задржи својата влажност. Најдобрите кремови се оние кои содржат шеа путер како и хранливо масло од бадем или јојоба.
Средете ги ноктите
Скратете ги ноктите користејки грицкалка за нокти. Потоа средете ги со турпија за да го добиете посакуваниот облик и должина. На крај исчистете ги ноктите со ацетон.
Излакирајте ги ноктите
На ноктите нанесете безбоен заштитен лак и почекајте да се исуши. Потоа нанесете ја својата омилена нијанса на лак во два слоја. На крај, нанесете уште еден слој безбоен лак за да се осигурате дека ноктите ќе изгледаат уредно и убаво.
