Art & Crafts

Домашен регенератор за коса

Единствениот регенератор кој со гаранција ќе и одговара на вашата коса се наоѓа во вашата кујна.

Сè што е потребно за овие рецепти се етерични масла и вода.

Во пола литар вода ставете 5 капки лимонов оцет, 5 капки масло од рузмарин и 5 капки масло од лаванда.

Добро измешајте ја смесата и нанесете ја на чиста мокра коса. Можете смесата да ја нанесувате после секое бањање и без да ја исплакнете, исушете ја.

Покрај тоа што ја храните сувата коса, ја освежувате и сувата уморна кожа на косата.

Излупете портокал, жолт и зелен лимон. Кората ставете ја во поголем сад и во садот додадете топла вода. Оставете да се олади. Оладената смеса ставете ја во шише со распрскувач.

Миризливата вода содржи витамин Ц кој ја освежува исушената коса.

Сè што ви е потребно се 3 децилитри маслиново масло. Во него додајте 10 капки јод, сок од лимон и неколку капки масло од лаванда. Ставете го во шише и пред секоја употреба добро протресувајте го.

Write A Comment