Со текот на наглите климатски промени, сосема е нормално доколку се соочувате со здравствени проблеми во вид на сува кашлица. За да ги надминете ваквите непријатности, ви прикажуваме рецепт кој значително ќе ви ги олесни маките и ќе ви помогне во лекувањето.
Потребни состојки:
– 1 портокал
– 2 лажици шеќер
– 1 дл. вода
Подготовка:
Добро измијте ги портокалите, па заедно со кората исечете ги на ситни парчиња. Ставете ги во соодветен сад, додадете ги двете лажички шеќер и прелиете со еден децилитар вода. Варете додека не се згусне.
Употреба:
Пијте по една лажичка од овој сируп секој пат кога ќе добиете напад на сува кашлица.
