Убавина

Домашна маска со мед и зачини за отстранување на митесерите и акните

Колку ве нервираат оние ситни, црвени акни и митесери кои се појавуваат на лицето? Веројатно многу, посебно во летните денови кога дополнително се потите и кожата ви е помасна.

За брзо и ефикасно да се решите од нив, испробајте ја оваа маска од мед и зачини.

Потребни состојки:

  • 1 лажица мед
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица мелено мускатно оревче

Сите состојки измешајте ги во мал сад додека не добиете темна, еднолична смеса.

Добиената смеса ставете ја на цело лице и оставете да делува половина час. Отстранете ја со мокар пешкир.

По првиот пат ќе забележите каков свиленкаст сјај ќе добиете. Затоа ви препорачуваме да ја правите еднаш неделно.

Write A Comment