ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 25 гр свеж квасец
* 50 гр стопен маргарин
* 1 јајце
* 2 лажици шеќер
* 1 лажичка сол
* 1 жолчка
* 2 лажици млеко
* 250 мл. млако млеко
* 500 гр брашно и плус по потреба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Брашното го просејуваме, а потоа во длабок сад го ставаме и правиме во средината дупка.
Го рониме квасецот, додаваме 2 лажици шеќер го ставаме целото млако млеко и го оставаме квасецот да стаса.
Следно изработуваме доста тврдо тесто, го покриваме со крпа и го оставаме да го зголеми волуменот.
Кога тестото ќе стаса внатре додаваме 1 јајце, маргарин, сол и брашно за да добиеме меко и еластично тесто и се добро измесуваме околу 4-5 мин, за сите состојки добро да се соединат.
Го покриваме тестото со крпа и го оставаме повторно да стаса, а потоа тестото го делиме на 7 дела и од секој дел правиме сукалца долги 40 цм и краевите ги составуваме.
Ѓевреците ги премачкуваме со жолчка во која сме додале 2 лажици млеко и ги наросуваме обилно со сусам.
Се печат во подмачкана тепсија на 180 степени целзиусови се додека не добијат убава румена боја.
