Здраво тело

Домашни лекови кои можат да му помогнат на болното грло!

Обидете се да ја ублажите болката во грлото со овие практични совети кои на повеќе луѓе им помогнале. Ако не успеете поточно ако болката продолжи со интензитет како претходно тогаш ќе морате да побарате помош од матичниот лекар.

Гаргара

Гаргара може да се прави со повеќе течности, кои ќе помогнат во намалување на болката во грлото. Обично, течноста го лекува грлото преку менување на киселоста до степен во кој бактериите веќе не можат да преживеат. Обидете се со:

– солена вода која ќе ја добиете кога ќе растворите колку што можете повеќе сол во една чаша топла вода и со неа ќе правите гаргара на неколку часа во текот на денот, попладнето или вечерта;

– вода со аспирин се добива кога ќе растворите 4 аспирина во една чаша топла вода. Обидете се со неа исто така да направите гаргара на вашето болно грло на неколку часа во текот на денот;

– ставете една супена лажица јаболков оцет во чаша топла вода и правете гаргара на секои неколку часа;

– растителен чај се препорачува за болно грло и со него може да прави гаргара.

Растителни чаеви

Постојат голем број растителни чаеви кои се добри за болното грло, како и за засилување на имунитетот. Меѓу најдобрите избори се од брест, дива цреша, зелен чај и слад.

Други лекови

Кога ве боли грлото, постојат други лекови кои можете да ги искористите за да ја смирите болката. Меѓу најпопуларните се: таблети цинк, витамин Ц, спреј од прополис и пилешка супа. Сепак, кога сте болни, потребен ви е одмор, за телото да може да ја искористи силата на внатрешната битка со вирусите и бактериите. Ова е нешто што луѓето полека почнаа да го забораваат. Колку подолго се борите на нозе, толку инфекцијата ќе се одолговлекува. Направете пауза еден ден и дајте му шанса на своето тело да се опорави.

Напиши коментар