Мојата кујна

Домашни переци

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500 г. брашно

* 200 г. маргарин

* Еден квасец

* Сол и шеќер, по желба

* Млеко

* жолчка од јајце

* Сусам или ким

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Го ставаме квасецот да се дигне во топло млеко со малку шеќер. Во брашното ги додаваме маргаринот, солта и квасецот, и мешаме заедно со млекото. Тестото накратко го оставаме да се дигне, а потоа го развлекуваме и го моделираме со калапче во форма на перек. Потоа ги ставаме во намачкана тепсија со путер и ги премачкуваме переците со жолчка од јајце. По желба ги зачинуваме со сол, сусам или ким. Ги печеме петнаесетина минути во загреана рерна на 200 степени.

 

Write A Comment