Потребни состојки:
– 200 мл слатка павлака
– 150 гр путер
– 500 гр чоколада
– Оризови снегулки
Подготовка:
На пареа растопете ја чоколадата со слатката павлака и убаво измешајте. Потоа додадете го путерот и мешајте додека не се растопи. Потоа тргнете го садот од пареа и ставете ги оризовите снегулки. Сипете ја смесата во сад обложен со фолија и ставете го садот во фрижидер да се стегне убаво.
