Кај повеќето луѓе изборот паѓа на маслиновото масло, кое има природен заштитен фактор 2, што не е доволно за кожата да се заштити од штетните УВ зраци.
Летото се приближува, а дамите веќе започнаа да се сончаат и наголемо размислуваат кој препарат ќе им биде од голема помош во добивање на прекрасен тен. Како и што напоменавме, најдобро е на кожата да намачкаме нешто природно, во стилот на маслиновото масло, но сепак тоа не е доволно. Природен, но поголем заштитен фактор имаат морковите и оревот, а нивната мешавина ви овозможува врвна нега на вашата кожа.
Морковот е богат со бета-каротен и витамин А, па поради тоа се користи и во модерните препрати за сончање бидејќи се обновува кожата и го забавува стареењето, но го забрзува потемнувањето. Од друга страна, лавандата и жалфијата освен што даваат преубав мирис на домашниот препарат, добри се и за негата на кожата.
Исто така, лавандата и жалфијата делуваат противвоспалително на акните, изгорениците и раните, а лековитата жалфија го намалува целулитот.
Рецепт: Во малку поголема тегла ставете неколку изрендани моркови, неколку исецкани зелени ореви и неколку цветови од лаванда или жалфија.
Наполнете ја теглата малку повеќе од пола, а потоа до врвот додадете девственото маслиново масло. Мешавината оставете ја да отстои на сонцето 20-25 дена, а секој ден затресувајте ја по малку за да се измеша.
Откако смесата отстојала, исцедете ја низ газа и започнете со користењето! Ви посакуваме убав тен и пријатно сончање.
