Научниците составија листа од 6 типови на дебелина, предизвикани од различни фактори со која ќе можете на брз и реален начин да го намалите вишокот на килограми.
Проверете во која група спаѓате, каков начин на живот водите и како да го решите проблемот:
1.Храна
Овој тип на дебелина е најзастапен во светот и настанува заради претераната количина мрсна храна и шеќер. За да се ослободите од масните наслаги, вежбајте најмалку 30 минути дневно.
2. Стрес
Овој тип на дебелина е предизвикана од стресот и депресијата. Луѓето кои патат од овој тип најчесто депресијата ја лечат со благо. Најважно е психички да се контролирате и да се занимавате со повеќе активности кои ќе ве ослободат од стресот.
3. Глутенска дебелина
Овој тип на дебелина е позастапен кај жените во адолесценција, менопауза или со хормонски дисбаланс. Важно е да избегнувате долго седење, цигари и алкохол, а да практикувате вежби со тегови.
4. Бавен метаболизам
Луѓето со ваков тип на стомак најчесто се чувствуваат како подуен балон, во кој се акумулирани сите масти. Најпогодени се лицата кои консумираат алкохол или имаат проблеми со дишењето. Најмалку што можете да направите е да се откажете од пороците и да се фокусирате на исхрана богата со зеленчук и овошје.
5. Намалена циркулација
Тука станува збор за наследна дебелина, а може да настане и во текот на бременоста како и кај лицата кои се подложни на потекување на нозете. Решението е да бидете поактивни, односно да се прават вежби како трчање или качување по скали.
6. Физичка пасивност
Станува збор за дебелина која ги погодува луѓето кои имаат ретка физичка активност. Неопходни се добро осмислени тренинзи за активирање на целото тело, најмалку 3 пати во неделата.
