Motherhood

Дознајте како да го намалите стомакот доколку сте имале царски рез

Прочитајте ги неколкуте совети кои дефинитивно ќе ви помогнат во намалување на стомакот по породувањето, особено доколу ви е извршен царски рез:

Со препорака од вашиот доктор започнете постепено да вежбате и да правите стомачни вежби. Секако и пешачењето може многу да ви помогне. Ова е еден од најдобрите методи за намалување на стомакот.

Внимавајте да не започнувате никаква диета, доколку тоа не е пропратено со вежбање. Доколку сте само на диета, големи се шансите вашиот стомак да се развлече и да ослабнат мускулите.

Избегнувајте седење пред телевизот подолг период, бидејќи со самото тоа ќе јадете и поголема количина на храна.

Заменете ја колата со пешачење, и лифтот со качување по скали.

Особено е важно да јадете свеж зеленчук како на пример: зелена салата, целер, краставици, магдонос…

Јадете овошје кое спаѓа во групата на овошје со помала содржина на шеќер како што се јаболко, цитрон и диња. Избегнувајте грозје и смокви.

Избегнувајте почесто конзумирање на сушено овошје, особено сушени смокви кои се висококалорични.

Избегнувајте пржени јадења како и јадења подготвени на скара. Конзумирајте варени или печени јадења, во кои содржината на масти е помала.

Не ги прескокнувајте трите главни оброци, со тоа може само да ви се зголеми желбата за јадење на брза и нездрава храна.

Билните препарати за слабеење исто така не се препорачуваат се додека не ја знаете точно нивната содржина и дозата која треба да ја земате.

Ибегнувајте сауни и масажи во пределот на стомакот кои може да предизвикаат дополнителни компликации.

Внимавајте слабеењето да оди постепено, и избегнувајте нагло слабеење кое исто така може да предизвика здравствени компликации.

Write A Comment