Мојата кујна

Двојно печени мини компири со сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* околу 1 килограм млади компири

* 1 лажица маслиново масло

* 1/2 лажичка сол

* 2 лажици немасно млеко

* 1 лажица путер

* 1/2 лажичка мелен црн бибер

* 1/2 чаша рендан тврд кашкавал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.

Намачкајте ги компирите со маслиново масло и насолете ги. Така целите компири печете ги 35 минути или додека не се меки. Извадете ги од рерна и пошекајте 10 минути додека не се оладат.

Кога ќе се оладат, нелупените компири пресечете ги на половина, и со помош на лажичка извадете им мал дел од средината.

Во длабок сад комбинирајте ги остатокот од компирите (средината што ја извадивме), млекото, путерот, биберот и сирењето и остатокот од солта и добро промешајте дури не се изедначи смесата.

Со лажичка наполнете ги печените компири и повторно наредете ги на тепсија и печете ги уште  15 минути на истата температура.

Напиши коментар