Мојата кујна

Џем од сливи со чоколадо

Овој необичен спој на сливи со чоколадо овозможува вистинско уживање на сетилата.

Состојки:

2 кг шеќер

6 кг излупени сливи

5 штангли чоколадо

Екстракт од рум

Подготовка:

  1. Стопете го шеќерот со малку вода, погусто отколку за слатко.
  2. Додадете ги сливите, претходно измиени, исчистени и излупени.
  3. Гответе и мешајте по потреба. Кога ќе биде готово, додадете го чоколадото и варете уште малку.
  4. Тргнете го џемот од загреаната рингла и додадете го румот.
  5. Жешкиот џем ставете го во суви, топли тегли. Затворете ги теглите и замотајте ги во крпи.
  6. Оставете ги до следниот ден да се изладат.

Write A Comment