Bridal

Џими Чу за идните невести

Класични чевли, сандали или храбри дизајни? Погледнете ја новата колекцијаJimmy Choo Bridal.

Како да не си го расипете расположението на тој посебен ден? На помош ви доаѓа Џими Чу, кој тукушто ја претстави новата колекција чевли за венчавка за 2015 година. Пред две години, компанијата го прошири својот асортиман на свадбени дизајни. Оваа сезона, линијата се состои од свила и сатен, со сваровски-кристали и со сандали во бела боја или во деликатната боја на злато. И тука не им е крај на изненадувањата. Наместо гравирање на прстените, иницијалите можат да се најдат, на пример, во чевлите. Џими Чу им овозможува на своите клиенти да ја порачаат специјалната услуга „monogram-to-order”. Церемонијата на венчавање и приемот се само почеток. Што е со свадбеното патување? Компанијата „Џими Чу“ исто така подготви и колекција на чанти и чевли под називот „Меден месец“.

Write A Comment