Bridal

Ѕвезден сјај на вашата свадба

Сакате да имате раскошна и прекрасна свадба која сите долго ќе ја паметат. Тогаш изберете го сјајот на ѕвездите како инспирација за вашата свадба, избор со кој нема да погрешите.

Започнете со вашата венчаница, на која може да изберете ситни извезени ѕвездички со златен или сребрен конец. Исто така може со ѕвездички да ја украсите вашата коса. И вашиот партнер нека о понесе магијата на ѕвездите – нека избере кравата со ѕвезди или пак украсите за на ревер нека бидат со ѕвездички.

Ѕвездите може да ги искористите и за вашиот бидермаер, за централните украси за на маса, за невестинската торта… Можностите се бескрајни, а ѕвездичките гарантираат сјајна, раскошна и впечатлива церемонија!!!

Write A Comment