Sweet Home

Едноставен модерен дом кој ќе ве освои

На четвртиот кат од атрактивна зграда, изградна во центарот на Лоренсберг, сместен е простран стан, прекрасно уреден, со две соби, кујна и прекрасна тераса. Станува збор за стан сместен во центарот на градот, од кој што лесно може да се пристигне до сите атракции.

Прекрасниот стан започнува со необично уреден ходник, со интересни тапети, во кој што посебно место е наменето за закачување на облеката и обувките. Веднаш до ходникот е сместена големата дневна соба, едноставно уредена, со интересни шарени детали. Веднаш до дневната соба се сместени и кујната и трпезаријата, исто така едноставно, но модерно уредени.

Дневната соба и спалната соба се одделени со прекрасни француски врати со стакло. Во спалната соба има посебно вграден гардеробер. Едноставните, но истовремено модерни и интересни детали создаваат необичен простор во кој што секој би посакал да живее. Во секоја од собите има големи прозорци кои што обезбедуваат доволен продор на дневна светлина во текот на целиот ден.

Напиши коментар