Здраво тело

Едноставен начин за одзатнување на синуси

Воспалението на синуси обично се манифестира со силна главоболка, затнат нос и тешко дишење…

Овие иритирачки појави го влошуваат квалитетот во секојдневниот живот, правејќи го телото изморено и изнемоштено. За да се вратите во нормала, важно е да започнете навреме со лекување, во што ќе ви помогнат овие природни состојки.

Ренот е познат лек, кој бил употребуван од нашите дедовци и баби, за лекување од настинка и грип. Овој корен изобилува со витамин Ц и Б, калиум, железо, калциум и делува како антибиотик. Неговото познато својство е во лекувањето на воспалението на дишните патишта, при што е исклучително ефикасен за затнати синуси.

Потребно ви е ½ литро вински оцет и еден корен од рен. Во тегла со капацитет од половина литро ставете еден изрендан корен од рен, а потоа наполнете ја теглата со вински оцет до врвот. Затворете ја теглата и оставете ја на собна температура три дена, повремено протресувајќи ја за да размешате.

После два дена можете да ја користите течноста, така што најмалку пет пати дневно ќе се инхалирате со оваа течност – ќе ја отворите теглата, се наведнувате над отворот и 3 пати вдишете ја пареата. Пред спиење ставајте си по две лажици на газа од оваа течност и ставете ја на челото. Повторете ја постапката уште најмалку шест дена.

 

Write A Comment