Состојки: 200 гр чоколадо, 125 гр путер, 2 лажици какао, 3 лажици шеќер, 4 јајца, 1 пудинг од малина, 1 чаша џем од малини, шлаг крем од чоколадо, 1/2 л млеко.
Начин на подготовка: Се топи путерот и чоколадото во сад. Кога смесата е добро измешана и растопена, тргнете ја од рингла за да се излади малку. На смесата, додадете јајца, шеќер и какао и се измешајте заедно. Истурете ја смесата во калапот за торта и печете на 250 степени додека не биде готова (проверете со чепкалка за заби, дали тестото е печено).
Во 300 мл млеко згответе го пудингот од малини, додадете џем, па таа смеса премачкајте ја над чоколадната кора. Изматете го шлаг кремот и намачкајте го од горе.
