Еве како ќе ги употребите старите чорапи кои веќе не ги носите. Со помош на парче чорап ќе направите оргинална пунџа што добро ќе биде фиксирана и нема да се растури во текот на целиот ден. Ќе изгледа како да сте ја направиле во фризерско студио. А освен тоа чорапот воопшто не се ни гледа, па затоа сеедно што е стар.
Пунџата е универзална фризура и се носи во најразлични пригоди. Идеална е за оние што се занимаваат со физичка активност бидејќи косата додека вежбате не смее да ве дефокусира, совршена е за плажа, за вечерно излегување, за преку ден, со еден збор универзална фризура. Погледнете како ќе ја направите пунџата како на насловната фотографија со помош на чорапче:

