Ако сте во потрага по вкусен шејк, кој нема да ви пркоси на добрата линија, тогаш овој банана шејк е вистинското решение за вас.
Да, здравата храна може да биде и многу вкусна и интересна во зависност од тоа како ќе ја подготвите. Ова особено важи за шејковите со кои можете да го започнете денот, но и да ги користите по трчање, пливање или тренинг во теретана. Еве еден рецепт како да направите еден од највкусните, но воедно и еден од наједонставните шејкови.
Состојки
1 банана, 1 шолја млеко, чоколаден прелив, малку мраз
Подготовка
Во блендер ставете исечкана банана, чоколаден прелив, млеко и дробени ледени коцки. Блендирајте додека не стане глатко, a потоа ставете во чаша и послужете.
– See more at: http://stipka.com.mk/mama/recepti/27915-cokoladen-banana-sejk#sthash.GaZlRPUD.dpuf
