Убавина

Ефикасен антицелулитен третман

Веќе го спомнавме неповторливиот ефект на кафето, особено кога се во прашање масните наслаги и целулитот…

Овој пат, би сакале практично да Ви помогнеме со ефикасен антицелулитен третман со кој со сигурност ќе се решите од  женскиот најголем непријател…

За истиот, потребни се: мала шолја зрели јагоди и 2 лажички мелено кафе. Исечкајте ги јагодите и гмечете ги со вилушка, додека не добиете изедначена смеса. Додајте ги двете лажички кафе…

Овој пилинг, истовремено ќе Ве воодушеви со неодоливиот мирис на кафе и овошје, а со оглед дека е богат со антиоксиданси, ќе Ви помогне да се ослободите од целулитот, а Вашата кожа ќе биде мазна и затегната. Нанесувајте ја секојдневно, на критичните места, оставете ја 3 минути да отстои, исплакнете ја, а потоа нанесете антицелулитен крем.

Напиши коментар