Убавина

Ефикасна крема против брчки од мед стара 2000 години

Не мора да фрлате пари за да купувате препарати за нега на кожата кога можете самите да направите ефикасна крема од природни состојки, според грчки рецепт кој е стар над  2.000 години.

Се што ви треба е  1 лажица органски мед, 8 лажици рендан пчелин восок, 200 мл. бадемово масло, пола шолја вода од ружа.

Постапка:

На тивок оган стопете ги медот, восокот и бадемовото масло. Кога добро ќе се соедини тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се олади, но не сосема. Водата од ружа додадете ја во топлиот восок и капка по капка, постојано мешајте.

Кога лосионот ќе биде добро промешан, сипете го во стаклени тегли и затворети ги откако препаратот сосема ќе се олади. Оваа крема можете да ја користите за отстранување на шминка или како крема против брчки.

Write A Comment