← НАЗАД НА БОЗА

Експрес чоколадна торта од само 3 состојки

Експрес чоколадна торта од само 3 состојки
639 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 175 грама темно чоколадо

* 7 јајца

* 140 грама путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Рерната загрејте ја на 130 степени. Калапот за тортата премачкувајте го со путер, потоа обложете го со хартија за печење.

Чоколадата искршете ја и стопете ја на пареа. Пред сосема да се стопи, додајте го и путерот исецкан на коцки. Мешајте додека целосно не се растопи.

Одвојте ги жолчките од белките и во еден сад матете ги жолчките додека не добиете мазна пена. Потоа во нив додадете ја смесата од чоколадо и путер и промешајте.

Во друг сад направете шлаг од белките и постепено додавајте го во претходно подготвената смеса, мешајте додека целосно не се изедначи.

Смесата сипете ја во претходно подготвениот калап за печење и покријте ја со фолија. Калапот ставете го во поголем сад за печење, садот наполнете го со топла вода, која ќе го потопи калапот до половина.

Печете 25 минути. Внатрешноста на тортата ќе биде мека, а од надвор ќе биде крцкава.

По печењето, оставете ја тортата да се олади и посипете ја со шеќер во прав. Можете да ја послужете со свежи јагоди или овошје по желба.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk