Sweet Home

Елитни куќи на дрво

Многумина од нас мислат дека само нашите предци имале потреба да живеат на дрвата, меѓутоа да се потсетиме на детството, периодот која нашите мисли и срца биле најчисти, е тогаш сите сакавме да се качуваме по дрва. Како старееме така забораваме затоа што повеќе не ни доликува таа потреба. Но исконската потреба за слобода и висина, од која може да вдишиме слободно и имаме убав видик останува засекогаш.

Тим германски архитекти од компанијата Baumraum, кој го сочинуваа еден архитект, архитект за надворешно уредување, специјалист за дрво и индустриски дизајнер, со својот проект „Елитни куќи на дрва“  успеаја да го вратат чувството на слобода и безгрижност кои некогаш го имале луѓето. Тимот секој проект го работи индивидуално според желбата на клиентот. Куќите се монтажни, имено куќите се прават во посебна работилница, каде им се инсталираат сите потребни елементи за нормално живеење ( електрика, прозори, греење) за да подоцна бидат пренесени на конечното одредиште, односно на дрвото кое го одбрал клиентот.

Write A Comment