Идеално решение доколку немате клима уред, како и за викендици, апартмани на море и слично
Високите температури вeќе пристигнаа, а доколку немате клима уред кој ќе одржува пријатна температура во домот, еве еден едноставен трик.
Се што ви е потребно е вентилатор, вода и сол. Земете 6 мали шишиња и наполнете ги со вода. Во секое од нив ставете по две до три лажичиња сол, а потоа ставете ги во замрзнувач.
Следниот ден извадете ги и ставете ги пред вентилаторот, а под шишињата најдобро ставете еден послужавник. Секогаш кога ќе сакате да го користите овој метод, потребно е водата да ја ставите во замрзнувач да преноќи.