Дали знаете дека лековите за температура, кашлање и кивање се насекаде околу нас? Научете како да направите здрави пијалаци кои се големи сојузници во борбата против настинки. Еве неколку од нив:
Топол сок од лимон
Многу стар и многу лесен рецепт кој е полн со витамин Ц и затоа го зголемува вашиот имунитет. Исцедени два лимони се мешаат со иста количина загреана, но не зовриена вода. Лимонадата засладете ја со шеќер или мед и испијте ја топла.
Чај од липа
Неколку суви цветови од липа се ставаат во една чаша врела вода и се оставаат да околу десет минути така. Чајот засладете го по желба и пијте го топол. Овој вкусен пијалок стимулира потење и ја намалува температурата.
Здрава мешавина
Цветови на мајчина душица и камилица иситнете ги на мали парчиња и прелијте ги со пет лажички мед. Оставете ги да одстојат неколку часа и така здравиот сируп е подготвена за употреба. Во текот на денот пијте три пати по една лажичка.
