Знаете ли дека може да го намалите со 40% ризикот од рак на дојка, ако ги следите овие неколку едноставни правила. Од Американскиот институт за истражување на рак се категорични дека ризичните вредности можат да паднат драстично само за една година под услов да се водите од следниве совети.
Одржувајте ги килограмите во норма
Не е кажано дека нагло треба да се слабее. Но имајте на ум дека масните клетки произведуваат вишок естроген. Кој пак е храна за некои канцерогени израстоци.
Движете се
Многу сме зборувале за задолжителни 30 минути прошетка на ден. Тоа ќе ви помогне и против ракот на дојка. Освен што ќе останете во форма, тоа ќе го зајакне и вашиот имунолошки систем и ќе ги држите хормоните во норма.
Намалете го алкохолот
Максимумот е еден пијалок на ден! Тој нанесува огромна штета на клетките во телото.
Доете го вашето бебе
Оставете ги модерните теории дека доењето не било важно. Такво нешто не постои! Обидете се да го доите вашето бебе барем до 6 месеци. Така ќе го намалите ризикот од рак на дојка за 60%.
