Motherhood

Еве како ќе препознаете лоша дадилка!

Понекогаш родителите мораат своето дете да го остават со дадилка, која најчесто е жена што не ја познаваат лично. Еве како да препознаете дали сте направиле добар избор!

Со цел тоа да го дознаете веројатно ќе морате малку да истражувате. Неки родители, кои се сомневаат дека нешто не е во ред дури користат и скриени камери и други облици на надзор за да откријат што се случува.

Но и без овие екстремни мерки, често пати е можно да се дознае дали нешто не е во ред, набљудувајќи го однесувањето на бебиситерката и детето. Доколку забележите некои од следните знаци, тоа може да биде сигнал да го преиспитате својот избор.

1. Вашето бебе не се радува кога ќе ја види дадилката и станало повлечено и вознемирено

Секако дека бебиситерката не може да ја замени мајката или таткото, но секое дете би требало да и верува и да ја сака својата дадилка. Можеби само станува збор за тоа дека детето и дадилката не успеале да се поврзат или таа едноставно не ја пружа топлината, која му е потребна на вашето дете. Како и во секој друг човечки однос емотивната поврзаност е мошне важна, можеби и најважна, посебно во овој случај.

2. Вашата дадилка не зборува за тоа како го поминала денот со детето

Како вашето дете и бебиситерката го поминуваат времето не би требало да биде тајна. Секоја мајка, кога ќе се врати дома, сака да знае што се случувало додека била отсутна. Доколку вашата бебиситерка не сака да разговара на оваа тема, тогаш таа нема добра комуникација со вас или нешто крие.

3. На вашето бебе му се случуваат несреќи, кои е едноставно да се избегнат

Дадилката мора постојано да го има детето под надзор и мора да знае што прави тоа во секое време, со цел да ги спречи евентуалните повреди. Ако повредите и несреќите често се случуваат, тогаш детето не е под правилен надзор.

4. Дадилката не ги следи вашите упатства

Родителите и дадилката ја делат грижата за детето. Меѓутоа таа не би смеела да се однесува како да знае подобро од вас што му треба на вашето дете.

5. Вашата дадилка често доцни

Бебиситерката, која често доцни не е доверлива. Доколку доцни при доаѓањето на работа, би можела да почне да доцни и во задоволувањето на потребите на детето (пресоблекување, хранење, заспивање…). Во тој случај побарајте дадилка, која е посветена на својата работа.

6. Детето често изгледа неуредно и нечисто

Доколку дадилката не може да води грижа за основните работи, како што е хигиената на детето, тоа може да биде знак дека не е подготвена да ја работи оваа одговорна работа.

7. Забележувате ситни лаги

Никогаш не ги толерирајте лагите, кражбите или манипулациите од кој било вид. Во дадилката морате да имате целосна доверба. Ако имате чувство дека дадилката не е искрена или доколку забележите дека во куќата ви недостигаат некои работи (дури и ситни), побарајте друга бебиситерка. 

Напиши коментар