← НАЗАД НА БОЗА

Факти за спонтаниот абортус кои мнозинството парови не ги знаат

Факти за спонтаниот абортус кои мнозинството парови не ги знаат
1358 Читања

Избегнувањето на сексуалните односи е сосема вообичаена реакција после спонтаниот абортус, но она што не смее да недостасува е разговорот и пронаоѓањето на утеха во заедништвото. Не заборавајте дека и на партнерот му е тешко.

Спонтаниот абортус често ги остава паровите со скршени срца и со чувство на голема вина. Неоправдано. Раздвоеноста која се јавува кај многу парови после претрпената загуба на детето, често е игнорирана и подразбира да се молчи за тоа. Колку и да ви е тешко да разговарате со други за тоа, со партнерот не смеете да премолчувате.

Понекогаш доволна ќе биде прегратката и тишината која ќе каже сѐ. Не треба да избрзувате со пробата за повторно забременување. Како што му треба време на телото, така и на психата ѝ треба одредено време да се научи да се справи со тагата и болката, а воедно и да пронајде начин како сето тоа да го преброди.

Има многу совети како да се избегнат ризичните фактори, како што се избегнување на алкохол, цигари и дрога, избегнување на стресот и големи физички напори. Но, едно истражување покажало дека и покрај тоа многу парови не знаат доволно работи околу спонтаниот абортус.

Коавторот на истражувањето на Алберт Ајнштајн Колеџот во Њујорк, доктор Вилијамс наведува како многу парови биле изненадени со податокот, колку всушност спонтаните абортуси се чести и дека родителите воопшто не можат да влијаат на нив.

До спонтан абортус доаѓа бидејќи телото на жената од некоја причина го одбива плодот, односно се однесува како да естрано тело.

Од испрашаните 1000 парови, повеќе од половина сметале дека спонтаните абортуси се многу поретки од тоа што се во реалноста, сметајќи дека се случуваат во помалку од 6% од бременостите, додека процентот е значајно поголем, измеѓу 20 и 25 %. Поголемиот дел од абортусите се случува во многу рана фаза на бременоста, кога жената се уште не е ни свесна дека е трудна, па кога би ги сметале и овие бројки, процентот би достигнал отприлика и 50 %.

Иако паровите сметаат дека причините за спонтан абортус се од надворешни влијанија, до најголем процент од нив доаѓа поради хромозомски оштетувања или структурални абнормалности во ембрионот или фетусот на кои никако не може да се влијае.

Дури 76 % од паровите изјавиле како стресот е најголемата причина за спонтаниот абортус, додека 22 % сметаат дека причината се лекарства или алкохол. Фактот дека можеби не сакате дете или лечењето на полови болести не може да доведе до абортус без да се присутни некои додатни аномалии и оштетувања.

47 % од испитаните парови кој доживеале спонтан абортус чувствувале вина, 41 % чувствувале дека направиле нешто погрешно поради што бременоста е прекината, а 28 % биле засрамени од спонтаниот абортус. Нажалост, мнозинството од паровите после губењето на бебето не наишле на доволна ангажираност на медицинскиот персонал, како би им биле овозможени потребната утеха и информации.

Тоа е причината зошто докторите насекаде низ светот стануваат сѐ повеќе свесни за важноста на емоционалната поддршка по претрпените тешки трауми како што е спонтаниот абортус.

Избегнувањето на сексуалните односи е сосема вообичаена реакција после спонтаниот абортус, но она што не смее да недостасува е разговорот и пронаоѓањето на утеха во заедништвото. Не заборавајте дека и на партнерот му е тешко!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk