ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 200 г наут
* 2 лажици брашно
* главица кромид
* 2 чешниња лук
* 1 лажичка ким
* 1/2 лажица мускатно оревче
* 1/2 лажица црвен пипер
* 3 лажици свеж магдонос
* сол и бибер по желба
* масло за готвење
за сос:
* 2 лажици милерам или јогурт
* 1 лажица таан
* сок од 1/2 лимон
* 1 чешне лук
* сол и бибер
прилог:
сезонска салата
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Направете го сосот, така што ќе ги измешате состојките и оставете го во фрижидер да се лади.
Наутот треба да се остави во вода да отстои преку ноќ, а потоа да се исцеди.
Вака приготвениот наут ставете го во вода и варете на умерен оган околу еден час. Исцедете и оставете го наутот да се олади. Измелете го, а потоа додадете го кромидот, лукот, брашното и зачините. Соединете ги во компактна смеса, ако смесата е премногу масна додадете една до две лажици вода.
Направете кофтиња и пржете ги во длабок сад на среден оган се додена не добијат златна боја.
Сервирајте ги со сосот и со сезонска салата.
