Ви претставуваме неколку новогодишни елки кои деновиве ги разубавуваат лобите во хотелите со пет ѕвездички.
Елката во лондонскиот хотел „Клариџис“ е дело на Долче и Габана. Декорирана е со 9.000 светилки и 300 рачно изработени украси.

„Њујорк Палас“ хотелот е разубавен со неколку новогодишни елки, декорирани со над 68.000 светилки и 32.000 украси.

Хотелот „Фор сизн“ во Париз се гордее на елките-скулптури дизајнирани од Џеф Летам.

На Блискиот исток подеднакво се чувствува празничната атмосфера. А најимпресивна е елката во хотелот Емират палас.
